Ликовна работилница „Свети Кирил и Методиј“

Во организација на здружението на просветни работиници вчера се одржа ликовна работилница под мотото „Во чест на сесловенските просветители“, во просториите на Занаетчиски дом.

„Преку креативна работа и уметничка слобода, учениците имаа можност да создадат свои дела, но и да го искажат разбирањето за културното наследство. Голема благодарност до ликовните педагози Елена Спасовска Радошевиќ и Далибор Јовановски“, истакна претседателката на здружението на просветни работници Анита Димовска.

Работилницата беше од натпреварувачки карактер, а на учениците со најдобрите уметнички дела и на нивните ментори ќе им бидат доделени дипломи на свечената академија којашто ќе се одржи во јуни годинава. Сите учесници ќе добијат пофалница за учество и сите нивни дела ќе бидат изложени во салата на Занаетчиски дом на свечената академија пред да бидат врачени како подарок на наградените просветни работници и на секое основно и средно училиште од општина Куманово, чии ученици ќе учествуваат на ликовната работилница.

 Ликовната работилница се реализира со поддршка на општина Куманово.