„Киро Бурназ“ доби дронови за примена на модерни технологии во земјоделството

Со проектот ,, Flight ” од Еразмус+ програма државното средно училиште „Киро Бурназ“ училиште доби четири дронови за примена на модерните технологии во земјоделството.

„Дроновите го менуваат текот во стручното земјоделско образование. Сега учениците можат да учат за прецизно следење на посеви со житни култури, анализа на здравје на растенија и паметно управување со ресурси. Преку практично знаење до модерно и одржливо земјоделство. Мобилноста се одржа во Дариџа, Турција од 12-16 мај“, информираат од државното средно училиште РЦССО „Киро Бурназ“.