ВИДЕО: Нема пријава за каснување од змија во Итната помош годинава
Во Итната медицинска помош Куманово годинавa, како и претходните две, не е евидентирана пријава од граѓанин за каснување од змија.
Лекарите информираат дека е набавен серум против каснување од змии во доволни количини. Доколку се случи таква ситуација, веднаш треба да се пријави случајот во Итната помош, чија што екипа излегува на терен, ја дава потребната терапија на пациентот на лице место и го префрла на инфективното одделение во болницата.