Опожарено „бмв“ во движење на автопатот кон Табановце

Секторот за внатрешни работи соопшти дека вчеравечер по 23 часот е  пријавено дека на автопатот пред Граничен премин Табановце настанал пожар во патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки во движење, управувано од 23-годишен кумановец. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.