ВИДЕО: Започнаа сезонските стомачни заболувања
Гастоинтестиналните инфекции се присутни во текот на цела година, но со зголемување на температурата расне и бројот на пациентите со стомачни заболувања кои што бараат помош на Одделот за инфективни болести во кумановската болница. Внесување во организмот на неправилно зготвена храна, не доволно одржување на личната хигиена или пак контакти со веќе заболениот најчесто можат да бидат причина за ваквите инфекции.
Храната која се конзумира треба да биде добро термички обработена (месо), а при повисоки температури остатоците од храна брзо и добро затворени да се чуваат во фрижидер, препорачуваат инфектолозите.