Проекција на чешкиот игран филм „ Светите Кирил и Методиј – словенски апостоли“  

Преку проекција на чешкиот игран филм „Светите Кирил и Методиј – словенски апостоли”, во режија на Петар Николаев, Фондацијата за култура и спорт в понеделник со почеток од 12 часот ќе го одбележи 24 Мај – Денот на сесловенските просветители.

Филмот ќе биде прикажан во просториите на Занаетчиски дом, а влезот е слободен, информираат од Фондацијата.