ВИДЕО: Опожарена просторија во објектот на Народна техника
Опожарена е просторија во објектот на Народна техника на Македонија во Куманово.
Во СВР Куманово вчера во 15 часот е пријавено дека на улицата „Тане Георгиевски“ настанал пожар во објект на Сојузот на здруженијата на техничка култура – Народна техника на Македонија”. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, соопштија надлежните.
„Увид извршила екипа од СВР Куманово, а причината за избувнување на пожарот допрва ќе се утврдува.