ВИДЕО: Утре започнува дводневниот Меѓународен фестивал на прозата во Центарот за култура
Центарот за култура утре и в четврток ќе биде точката на убавата литература, убавиот збор и одличните гости. Двете вечери на Меѓународниот фестивал на прозата започнуваат од 20 часот во фоајето на Центарот за култура.
Дел од фестивалските вечери ќе бидат Весна Мојсова – Чепишевска, Огнена Нукуљски, Оља Стојанова од Бугарија, Душко Крстевски- модератор, Ана Голејшка- Џикова, Филип Грујиќ од Србија, Лидија Димковска, Наташа Сарџоска и Ана Јовковска, модератор.
За организацијата на дводневниот меѓународен фестивал на проза во Куманово се погрижи севкупниот тим на Центарот за култура.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам.
Оваа година во склоп на на МФП 2025 година ќе биде отворена и изложбата на илустрации за деца на нашата илустраторка Ивана Ниба која прави совршени илустрации на книгите за најмладите.