ВИДЕО: Работилница за деца и изложба – дел од Меѓународниот фестивал на прозa
Во фоајето на центарот за култура денеска во рамките на Меѓународниот фестивал на проза кој започна вчеравечер се одржа детска работилница со Ана Голејшка -Џикова, автор на стихозбирки, кратки раскази, сликовници.
Претходно учениците имаа можност да ја разгледаат и изложбата на детски ликовни цртежи илустрации на познатата илустаторка од Скопје Иванка НиБа.
Фестивалската вечер на прозата продолжува вечерва со авторите Филип Грујиќ од Србија, Лидија Димковска и Наташа Сарџоска, модератор е Ана Јовковска.
Проектот е поддржан од министерството за култура.