ВИДЕО: Клупска изложба на уметничка фотографија „Мајски салон 2025“

Љубителите на уметничката фотографија имаат можност да ја посетат клупската изложба „Мајски салон 2025“ која е поставена во Занаетчискиот дом.

Преку 35-те фотографии, членовите на Фото – кино клубот „Козјак“ Куманово уште еднаш ја потврдија својата посветеност и уметничка зрелост, кои го оправдуваат интернационалниот углед што клубот го ужива веќе со децении.

Изложбата е во организација на Фото – кино клуб „Козјак“ Куманово со поддршка на Фондацијата за култура и спорт Куманово и Општина Куманово.