ВИДЕО: Аикидо клуб Агатсу одбележува дваесет години постоење

Аикидо клуб Агатсу одбележува 20 години постоење. По тој повод викендов ќе бидат одржани семинар и манифестација во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“.

Одбележувањето на јубилејот со семинар ќе започне в сабота во 16 часот, информира Иван Скрчевски од аикидо клубот Агатсу.