Основното училиште „Кочо Рацин“ одбележува 80 години постоење

Општинското основно училиште „Кочо Рацин“ одбележува 80 години постоење.

Со чествување пред спомен бистата на истакнатиот македонски поет, револуционер и комунист, Коста Солев Рацин, учениците и наставниците на училиштето го одбележаа јубилејниот патронен празник во присуство на делегации од јавни установи, институции и граѓански здруженија.

Претставници од општина Куманово и од Советот на општината, предводени од претседателката Ивана Ѓорѓиевска, во знак на благодарност и почит положија свежо цвеќе пред споменикот на великанот, чии дела сведочат за историјата на македонската литература.