СВР: Малолетници питачеле на Табановце
Две малолетни лица биле затекнати додека питачат на Граничниот премин Табановце, а кај нив биле пронајдени и пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што се наведува во соопштението, лицата биле предадени на нивната мајка и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува пријава поради сомнение за сторено кривично дело.