Во СВР Куманово вчеравечер по 21 часот е пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Трајко Прокопиев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“, управувано од Ф.Т.(23) од Куманово, патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(25) од Куманово и мотоцикл „хонда“, управуван од П.Н.(37) од Куманово, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи на автомобилите, констатирани во болницата во Куманово“.
Извршен е увид од екипа на СВР Куманово.