Училиштето за основно музичко обвразование „Панче Пешев“ вчеравечер го свечено го одбележа патрониот празник и 79 успешно опстојување во Куманово.
Во рамките на музичката програма настапија солисти, инструменталисти, хорот и оркестарот со интерпретација на познати музички класици, популарни дела од светски автори и филмска музика.
Со пригоден говор по повод патрониот празник на училиштето пред публиата се обрати директорката Сандра Зојчевска, која своето основно музичко образование го започнала токму во „Панче Пешев“, а продолжила во Скопје на Факултетот за музичка уметност каде се стекнала со звање магистар по музички науки.
Инаку, училиштето за основно музичко образование ,,Панче Пешев’’ – Куманово било формирано во 1946 година.
За прв учител бил назначен музичарот Ѓорѓи Ивановки, раководител на Музичкиот дом, кој бил и првиот директор на училиштето.
Со воспитно – образовната работа, училиштето започнало на први јануари 1947 година. Веднаш биле запишани 90 ученици, распоредени во 3 паралелки.