Средношколката Хана Асановска е една од членките на Аикидо клубот „Агатсу“ од Куманово, која што тренира речиси две години, иако интерес за боречки вештини пројавила уште во најрана возраст. Младата кумановка смета дека возраста не е пресудна доколку сакаш да научиш нешто ново, а пред се корисно. Аикидото го препорачува на сите граѓани, особено на девојчињата.
Во принцип аикидо е боречка вештина во која се користи енергијата на противникот за да се совлада.
Клубот „Агатсу“ од Куманово опстојува 20 години, а изминатиот викенд јубилејот го одбележа со дводневен меѓународен семинар на кој учествуваше и Хана Асановска.