Загина 20-годишен мотоциклист од Куманово

20- годишен мотоциклист од село Доброшане загина вчеравечер во близина на село Орашац.

Секторот за внатрешни работи Куманово денеска соопшти дека вчеравечер околу 21.00 часот во полицијата е пријавено дека на локален пат од  с.Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од с.Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски столб.

-Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, пишува во соопштението на СВР Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.