ВИДЕО: СДСМ со реакција на донесена одлука на Советот за дел од Бедиње

Советничката Атина Мургашанска денеска одржа прес-конференција во Во просториите на  ОО СДСМ Куманово. СДСМ реагира на вчерашната одлука на Советот донесена од мнозинството во врска со нацрт деталниот урбанистички план кој се однесува за дел од Бедиње.  

-По вчерашната седница на Советот на Општина Куманово, на која мнозинството во Советот составено од ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ изгласа уште еден Нацрт- Детален урбанистички план, гласно прашуваме, зошто им се брза при крај на мандатот да протуркаат уште една измена на ДУП пред донесувањето на новиот Генерален урбанистички план?!

И покрај нашите апели дека со планираната измена сериозно ќе се наруши квалитетот на животот на граѓаните од населбата Бедиње тие без дискусија, без аргументи зошто се прави оваа измена, повторно стиснаа ЗА за нов ДУП во ова подрачје.

И вчера на седницата и денес пред јавноста прашуваме: Дали повторно фаворизираат нечиј приватен интерес пред јавниот?!, рече, меѓу останатото советничката Атина Мургашанска.