ВИДЕО: До десетти јуни трае повикот за финансиска поддршка за вршење на работи од социјална заштита на здруженија

Раководителот на секторот за култура, спорт, социјална заштита Александар Крстевски денеска ги повика здруженијата да аплицираат на Вториот повик за финансиска поддршка за вршење на работи од социјална заштита. Повикот е објавен на 28 мај годинава, а ќе трае до 10 јуни.

„За распишување на повикот обезбедени се финансиски средства од буџетот на Општина Куманово, согласно Програмата за развој на социјална заштита на Општина Куманово за 2025 година“, изјави Крстевски.

Финансиската поддршка на здруженија се однесува на вршење работи од социјална заштита, односно:

1. Финансиска поддршка на здруженија кои се во фаза на развој, односно подготовка и воспоставување на нови социјални услуги на територија на Општина Куманово пропишани во Законот за социјална заштита или иновативни социјални услуги и тоа:

Услуги на информирање и упатување;

Услуги на стручна помош и поддршка;

Услуги на советување;

Услуги во домот;

Услуги во заедницата;

Услуги за вон семејна заштита.

2. Предност при остварување на правото на финансиска поддршка ќе имаат здруженија коишто се во фаза на развој, односно подготовка или воспоставување на социјални услуги, како дел од Социјалниот план на Општина Куманово 2023-2026 година.

3. Финансиска поддршка се однесува и на здруженија, кои се во фаза на подготовка на документација за лиценцирање или веќе имаат поднесено документација за добивање на лиценца за социјалната услуга во МТСП, а до денот на објавување на Јавниот повик немаат добиено лиценца за работа на територија на Општина Куманово.

4. Финансиската поддршка од овој Правилник не се однесува на здруженија, кои веќе имаат добиено лиценца за спроведување на социјалната услуга од страна на ресорното Министерство, а за која бараат финансиска поддршка преку Јавниот повик објавен од страна на Општината.

5. Право на финансиска поддршка не можат да добијат здруженија, кои три години последователно имаат добиено финансиски средства од страна на Општината за развој на социјални услуги преку објавените Јавни повици.

6. Предност ќе имаат апликации кои се однесуваат на развој на услуги на вон семејна заштита.

          Како подносители на Барањата за остварување на правото на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на Општината, може да се јават здруженија кои ги исполнуваат следниве критериуми:

1. Да се регистрирани во Централен регистар на РСМ како здруженија на граѓани и истите да се со седиште на територија на Општина Куманово како матична Општина;

2. Да имаат статут и Програма за работа за 2025 година, која опфаќа активности насочени кон ранливите категории на граѓани од областа на социјална заштита;

3. Да имаат минимум 3-годишно активно постоење и успешно реализирани активности од областа на социјалната заштита на територија на Општината;

4. Да имаат работно ангажирано минимум едно лице.

          Подносители на Барањата за остварување на правото на финансиска поддршка кои ќе се пријават на вториот Јавен повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на Општина Куманово за 2025 година, а врз основа на член 3 и 4 од овој Правилник , потребно е задолжително да приложат:

1. Апликативен формулар за остварување на право на финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на територија на Општина Куманово за 2025 година

2. Изјава од апликант

3. Тековна состојба од Централен регистар на РСМ со седиште на територија на Општина Куманово (со полн назив, адреса и регистрирана дејност), не постара од 6 месеци;

4. Статут на здружение;

5. Програма за работа на здружение за 2025 година, која опфаќа активности насочени кон ранливите категории на граѓани од областа на социјална заштита ( заверена со печат и архивски број);

6. Потврда од Управа за јавни приходи (УЈП) за платени даноци и други јавни давачки, не постара од шест месеци;

7. Трансакциска сметка на здружението.  

         Формуларот за апликација уредно пополнет со целокупната пропратна документација, се доставува во писмена форма, во рокот утврден во Јавниот повик, во општинската архива или по пошта, со назнака:

„До Комисија за разгледување на Барања за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на Општина Куманово за 2025 година“- Општина Куманово , ул.  11-ти Октомври бб, 1300 Куманово“.

         Апликациите со непотполна документација и поднесени надвор од предвидениот рок, нема да бидат предмет на разгледување.

         Едно здружение на Јавниот повик може да поднесе само едно Барање за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита.

         Рокот за поднесување на Барања за учество на Јавниот повик ќе трае 14 (четиринаесет) дена, односно од   28.05.2025  до 10.06.2025 година.