ВИДЕО: Сергеј Станковиќ – млад перспективен шахист од Куманово
Седумгодишниот Сергеј Станковиќ освои второ место на првиот Меѓународен младински шаховски турнир „Куманово опен“, кој се одржа изминатиот викенд во Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“. Сергеј како активен член на Градскиот шаховски клуб Куманово се натпреварува во категоријата до 8 години. Во клубот членува од 2022-та година, а шах почнува да игра на само три години. Потекнува од семејство во кое шахот како спорт е традиција веќе четири генерации.
Шаховскиот талент на малиот Сергеј повеќепати досега е наградуван со прво, второ и трето место на екипни и поединечни првенства за млади во државата.
Првиот медал за освоено трето место на Екипно првенство на Македонија Сергеј го добил на во ноември 2023-та година, а првиот пехар го освоил минатата година на првенство во Струга.
Сергеј е ученик во второ одделение во основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово.