Меѓународниот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ викендов на градскиот плоштад

Куманово викендов ќе биде домаќин на петтиот по ред меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“.

На турнирот ќе учествуваат над 120 боксери и нивни тренери од десетина држави.

Спортскиот настан, кој ќе се одржи в сабота и в недела на градскиот плоштад, е поддржан од Општина Куманово, преку Општинскиот сојуз на спортови, Министерството за спорт, Европската боксерска конфедерација и Националната боксерска федерација.