ВИДЕО: Кумановските гимнастичари меѓу најдобрите во државата
Златен медал, три сребрени и четири бронзени медали во поединечна конкуренција освоија гимнастичарите од клубот „Атлета“ од Куманово на државниот натпревар во спортска гимнастика кој се одржа изминатиот викенд во Скопје.
Во силна конкуренција од над 160 натпреварувачи од целата држава, на првенството Школата за спортска гимнастика „Атлета“ учествуваше со 27 натпреварувачи, информира тренерот Филип Миленковски.
-„Во машка “А” програма во категорија помлади пионери Бојан Христовски освои второ место, Даме Јаневски освои трето место во иста конкуренција.
Во категорија постари пионери А програма Калин Илијевски освои второ место. Во Б-програма помлади пионери Лазар Ѓоргиевски освои трето место.
Во категорија постари пионери Јаков Стојановски освои прво место, Марко Величковски освои второ место и Михаел Додевски освои трето место во иста конкуренција, изјави тренерот Филип Миленковски.
И гимнастичарките од клубот постигнаа одлични резултати на државното првенство, секако благодарение на напорните тренинзи и не себичното залагање на тренерите да ја вратат гимнастиката на местото на коешто припаѓа.
– Во женска „Б“ програма во категорија постари пионерки Сара Мишиќ освои трето место поединечно
„Екипно втори места освоија: Сара Мишиќ, Лена Трајковска, Ива Тодоровска Ања Ристевска и Лана Богдановиќ.
Во категорија до 7 години екипно второ место освоија : Анисија Станојковска, Софија Цеков, Кирјана Крстевска, Калина Стојмановска и Софија Николовска – изјави тренерот Никола Златановски.
Од клубот се надеваат дека локалните власти ќе имаат слух за развојот на овој спорт и ќе излезат во пресрет со обезбедување на гимнастичка сала за големиот број на гимнастичари во Куманово.
-Се надеваме дека Општината ќе ни излезе во пресрет, бидејќи на Куманово му е потребна гимнастичка сала, затоа што има голем број на гимнастичари кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Куманово е гимнастички град со и се надеваме дека „Соколана” ќе биде целосно само за гимнастиката, и нашиот град ќе може да биде домаќин на државни првенства во спортска гимнастика“, истакна тренерот Миленковски.
Клубот „Атлета“ е лоциран на булеварот „Октомвриска револуција“, кај Кипер маркет. Тренинзите се одвиваат во современа сала која е со површина од 400 м2, во која децата од најрана возраст може да тренираат и правилно да се развиваат.