ВИДЕО: Завршна активност од Еразмус проектот „Промовирање на родовата еднаквост во науката и технологијата“
Во средното општинско училиште „Перо Наков“ денеска се одржа завршен настан во рамките на проектот од Еразмус плус програмата насловен „Промовирање на родовата еднаквост во науката и технологијата“. Координатор на проектот е основно и средно училиште од Португалија, а во реализацијата, освен училиштето „Перо Наков“ од Македонија, вклучени се и две младински организации од Германија и Италија и средно училиште од Италија.
„Проектот преку повеќе активности се реализираше две години. Целта беше да се укаже на разликите кои што постојат во сфаќањата за тоа што е машка, а што е женска професија, со акцент во областа на науката и технологијата“, изјави координаторот на проектот за училиштето „Перо Наков“ Александра Георгиевска.
Георгиевска посочува дека во текот на реализацијата на проектот бил одржани бројни состаноци и обуки, дел од нив биле реализирани во„Перо Наков“, а дел од состаноците биле организирани во Португалија, Италија и Германија каде што била одржана и обуката за наставниците.