Завршува учебната година, започнува летниот распуст
Завршува учебната 2024/2025 година за основците и средношколците во државата.
Матурантите утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, матурантите го полагаа на 31 мај.
Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование.
Пријавувањето е преку линкот https://euslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk
Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците.
Според Конкурсот на МОН, првото ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата – на 18 јуни и 19 јуни.
Второто пријавување во јунскиот рок ќе се врши на 30 јуни, а документите ќе ги доставуваат следниот ден, 1 јули.