Со два проекта аплицирала општина Старо Нагоричане на првиот владин повик за финансирање на капитални инфраструктурни инвестиции, информираат надлежните.
„Во првиот случај станува збор за два патни правца, а на вториот повик општината аплицираше со три проекти, за кои се уште чекаме одговор од надлежните“, информира Бобан Цветановски, заменик градоначалник на општина Старо Нагоричане.