Кумановец пријавен за обљуба врз неговата малолетна ќерка
Од дневниот билтен на МВР ги издвојуваме следните настани:
Во кумановската полиција вчера во 12 часот и 20 минути било пријавено дека жител на кумановско село извршил обљува врз неговата малолетна ќерка, соопштија од Секторот за внатрешни работи. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Кумановец и битолчанец на возраст од 36 и 33 години биле приведени вчеравечер осомничени дека завчера нападнале и ограбиле 68-годишен кумановец во близина на неговиот дом, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.