ВИДЕО: ОК ВМРО – ДПМНЕ Куманово ќе организира крводарителска акција в понеделник
Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Куманово на 16 јуни (понеделник) годинава ќе организира крводарителска акција по повод Светскот ден на крводарителството, но и во рамките на одбележувањето на 35 години постоење на ВМРО -ДПМНЕ.
Крвни единици доброволно ќе се даруваат во просториите на Централниот штаб на партијата ( Сума) во периодот од 10 до 15 часот.
„Апелираме до граѓаните да ја даруваат својата крв, која е незаменлив лек, секојдневно потребна за да се продолжат многу животи“, посочуваат од партијата.