„Детски семафор 2025“ на плоштадот во Куманово
Во организација на Општински совет за превенција на детско престапништво и Отсек за превенција при СВР Куманово викендов на градскиот плоштад се одржа „Детски семафор 2025”.
„Под мотото „Вози безбедно велосипед”, учество зедоа 50 дечиња од сите објекти на ЈОУДГ “Ангел Шајче”- Куманово. Се возеше на полигон со сообраќајни знаци прилагоден за нивна возраст, со поминување на препреки, пешачки премини и семафори, во придружба на сообраќајни полицајци и инструктори од Авто школите „Тим” и „Југо фер”“, информираат од општина Куманово.
Целта на овој едукативен настан е децата да научат правилно и безбедно да возат велосипед, на огромна радост и забава за нив и родителите.