Повредени четири лица во сообраќајна незгода во Куманово

Од дневниот билтен на МВР ги издвојуваме настаните:

Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 35-годишен кумановец бидјќи на плоштадот „Нова Југославија“се обидел да одземе чанта од 29-годишна жена при што и физички ја нападнал. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Вчеравечер околу 18.30 часот на крстосницата од магистралниот пат А2 и приклучок кон магистрален пат А2  во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сеат“ со српски национални ознаки, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки и патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово,  се здобиле возачите на возилата и сопатничка од возилото „сеат“. Увид извршила екипа од СВР Куманово.

На Граничен премин Табановце, на влез во државата, вчера напладне полициски службеници лишиле од слобода 42-годипшен државјанин на Косово бидејќи при гранична контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. Со случајот запознаен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Исто така, вчера на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода 24 -годишен државјанин на Република Албанија. При гранична контрола и проверка во патничко возило „фолксваген тигуан“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени повеќе опаковки со бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител.