Бебе затруено со лекови, втор случај за неколку дена

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера во 11.40 од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено 10-месечно бебе од Куманово, кое било затруено со лекови.

Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот билзапознаен јавен обвинител.

Се работи на расчистување на случајот.

За една седмица ова е втор случај.

На 21 јули годинава, медицинскиот персонал од Општата болница Куманово во полицијата пријави случај на затруено едногодишно дете со лекови.

Од СВР Куманово тогаш посочлија дека преземаат соодветни мерки за целосно расветлување на случајот и утврдување на точните околности на труењето.