МОН објави јавни повици за кариерен развој на наставниците и стручните соработници

Министерството за образование и наука објави два јавни повици за кариерен развој на наставниците и стручните соработници во основните и во средните училишта.

За прв пат наставниците-ментори во основните училишта можат да напредуваат во наставници-советници, а за наставниците во средните училишта се воведува можност да стекнат звање наставник-ментор. Кариерен развој за прв пат ќе имаат и стручните соработници во основните и средните училишта. Продолжува и процесот на унапредување на наставниците од основното образование во наставници-ментори.

Во двата јавни повика, објавени на веб-страната на Министерството за образование и наука, наведени се бројот на наставници и стручни соработници кои може да се стекнат со звања, по општина и училишта. Барањата за напредување во звања, наставниците и стручните соработници можат да ги достават најдоцна до 23.09.2025 година.