ВИДЕО: Советникот Самет Салиевски ја напушти коалицијата на СДСМ

– Во иднина јас како Самет Салиевски ќе ја напуштам коалицијата на СДСМ и ќе делувам самостојно. Овој мандат што ќе трае ќе дејствувам самостално. Ова е барање од мојата ромска заедница, за овие три и пол години дадов ништо за мојата заедница како советник на СДСМ и сметам дека заедницата ќе има нов кандидат, нов советник, уште две седници има, јас не успеав да реализирам тоа што народот бараше од мене, така што мојата политичка кариера завршува со овие две седници, рече Самет Салиевски на денешната седница.