Кампања „За безбедно лето“ под мотото „Вози одморен“

Црвен крст на Република Северна Македонија – општинска организација Куманово, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи вчера учествуваше во спроведување на летната кампања под мотото „Вози одморен“, на граничниот премин Табановце.

Во рамките на кампањата, волонтерите на Црвениот крст делеа шишиња со вода и едукативен материјал со совети за безбедно учество во сообраќајот. На возачите им беше укажано на важноста да тргнуваат на пат одморени, да прават редовни паузи, особено при долги патувања, и да внесуваат доволно течности, со акцент на вода и безалкохолни пијалоци, заради високите температури во летниот период.