Во Македонија денеска се одбележува 18 Август – Денот на Армијата.
„Во мое лично име и во име на Општина Куманово на сите припадници на АРМ и сите граѓани на Македонија, им го честитам 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија.
Со гордост и благодарност ја одбележуваме годишнината на нашата Армија – симбол на сигурност, стабилност и независност на државата. Вашата посветеност, дисциплина и пожртвуваност во заштита на територијалниот интегритет и мирот претставуваат силна поддршка за сите граѓани.
Општина Куманово останува посветена на поддршката и унапредувањето на мисијата на Армијата, стоејќи рамо до рамо со вас во изградбата на побезбедна и просперитетна држава.
Чест и гордост е да се служи во Армијата на Република Македонија. Нека ни е вековит и честит овој значаен ден!“, напиша на ФБ, Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.