Четириесет и осумгодишен кумановец бил приведен викендов откако било утврдено дека управува возило под дејство на алкохол.
„Полициските службеници при контрола на патниот сообраќај констатирале дека лицето управувало патничко возило „форд“ со кумановски регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.