Оштетени неколку паркирани возила со метален предмет

Триесет и двегодишен кумановец бил приведен вчера попладне под сомнение дека оштетил неколку паркирани возила.

Според СВР Куманово, пријавениот на улицата „Благоја Думановски“ во населба Перо Чичо со метален предмет оштетил паркирани товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски таблички, кабина од товарно возило „ивеко“ со битолски регистарски таблички и патничко возило „опел“, со гостиварски регистарски таблички, сопственост на две физички и едно правно лице.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.