Пријавен случај за заканувачки пораки на телефон од колешка

Четириесет и двегодишен кумановец, вработен во болницата во Куманово пријавил дека негова колешка му упатувала закани по телефон, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според СВР Куманово, на 25.08.2025 во 17.00 часот во полицијата В.С.(42) од Куманово, вработен во Општа болница Куманово, пријавил дека по претходна расправија, неговата колешка А.М.С. од Куманово му упатила заканувачки пораки на телефон.