ВИДЕО: Се реконструира улицата „Карл Маркс“
Општина Куманово започна со првата фаза од реконструкцијата на улицата „Карл Маркс“, позната меѓу граѓаните како Орта Бунар.
„По активностите за гребење на постоечкиот асфалт, овој патен правец ќе добие нов асфалт. Ова е дел од поширокиот план за инфраструктурни зафати во сите делови на градот“, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.
Инаку, на вчерашната седницата, советниците го усвоија Извештајот за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Куманово за периодот од 01 јануари до 30 јуни годинава.
Вкупната реализација на програмите во првите шест месеци од годинава е над 20 проценти, соопшти на седницата претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска.