Приведен кумановец заради агресивно однесување

Кумановец бил приведен вчера заради агересивно однесување, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. Според надлежните, вчера било пријавено дека околу 15 часот и триесет минути на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, 48-годишен кумановец го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и ги попречувал полициските службеници при преземање службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.