ВИДЕО: „Водовод“ во добивка, „Куманово-паркинг“ и „Пазаришта“ во загуба

Над девет милиони денари добивка евидентира јавното претпријатие „Водовод“ во периодот од април до крајот на јуни годинава. Освен зголемени приходи во тримесечниот период, претпријатието имало и зголемени расходи.

За разлика од „Водовод“, јавните претпријатија „Куманово -паркинг“ и „Пазаришта“ во истиот тримесечен период бележат загуба, покажаа извештаите за финансиско работење на вчерашната седница на Советот.

Загубата и на двете претпријатија е во износ од околу три милиони денари.