„Органска трпеза“ и „Агро-Мак“ во септември во Куманово
Меѓународните саеми „Органска трпеза“ и „Агро-Мак“ повторно во Куманово во организација на здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина „ЖИВОТ“, Комората на органски производители на Македонија и компанијата АДУТ ГВН, поддржани од општината Куманово и Министерството за земјоделство.
-Од 26 до 28 септември годинава, на Спортско-рекреативниот комплекс во Куманово, ќе се одржат два меѓународни саеми кои веќе претставуваат препознатлив бренд на регионално и европско ниво: · VIII Меѓународен саем на органски и традиционални производи „ОРГАНСКА ТРПЕЗА“ · IV Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка „АГРО МАК“, информира Драган Цветковиќ, претседател на Организацискиот одбор на саемите.
Во рамки на програмата предвидени се гастрономска манифестација со натпреварувачки карактер и ревијална изложба на домашни миленици и украсна живина, информираат организаторите, потенцирајќи дека саемите претставуваат можност за промоција на органски и традиционални производи, презентација на модерни земјоделски технологии и иновации, поврзување со нови пазари и бизнис партнери, унапредување на агросекторот, регионалната и локалната економија, вмрежување и размена на искуства.