ВИДЕО: Свечен прием на првачињата и во ООУ „11 Октомври“
Свечена приредба за топло добредојде на првачињата денеска организираше и основното училиште „11 Октомври“.
Централното училиште е едно од поретките во Куманово во кое што изминатите години нема значително намалување на бројот на новозапишаните ученици.
-Годинава запишани се поголем број на првоодделенци од претходната година, информира в.д. директорката Славица Стојановиќ, истакнувајќи дека во ова училиште е обезбеден и продолжен престој за учениците.