Пожарникарите вчера интервенирале на неколку локации
Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие интервенирале на неколку локации во кумановско и липковско.
Опожарена сува трева пожарникарите вчера гаснеле во кумановското село Живиње и во село Липково. Доцна синоќа, околу 22 часот пожарникарите интервенирале во населбата Перо Чичо каде што гаснеле отпад, а еден час подоцна гаснеле опожарен контејнер со смет на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.