Приведени кумановци поради кражба
Четириесет и едногодишен кумановец бил приведен рано утринава под сомнение дека крадел од продажен објект.
Според МВР, утрово во 04:20 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода кумановец бидејќи со употреба на сила влегол во продажен објект на улицата „Тане Георгиевски“ и одзел производи.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
МВР информира и за единаесетгодишно момче од Куманово кое што вчера било приведено во полициската станица во Гостивар, под сомнение дека одзел повеќе производи од продажен објект во градот.
– Кај него биле пронајдени предметите и вратени на сопственикот. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението на МВР.