Неколку интервенции на пожарникарите во текот на вчерашниот ден

И во текот на вчерашниот ден во реонот на липковско Никуштак на шумскиот пожар било интервенирано од воздух, информираат надлежните од Регионалниот центар за управување со кризи. Поради безбедносни причини вработените од кумановската подружница на ЈП „Национални шуми“ биле повлечени од терен во текот на ноќта.

Екипите на Територијалната противпожарна едница Куманово во текот на вчерашниот ден гаснеле сува трева на повеќе локации, кај Искрин мост, на Пчински пат, во Љубодраг и во липковските села Матејче и Ваксинце.

Според дневниот билтен на Регионалниот центар за управување со кризи, екипа на пожарната од Општина Старо Нагоричане гаснела опожарени суви дрва вчеравечер во периодот од 22 до 23 часот.