Мирослав Славковски – кандидат за градоначалник на Општина Старо Нагоричане од ВМРО-ДПМНЕ
На синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се избрани уште шест кандидати за градоначалници за претстојните локални избори, закажани за 19 октомври.
Станува збор за кандидати за градоначалници на скопската општина Кисела Вода, Кочани, Дојран, Долнени, Ранковце и на Општина Старо Нагоричане – Мирослав Славковски.
За Општина Куманово, ВМРО -ДПМНЕ на централно ниво претходно одлучи да го поддржат кандидатот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, исто како и на претходните локални избори.