Завршува јавниот увид во Избирачкиот список за претстојните локални избори
На полноќ завршува јавниот увид во податоците од Избирачкиот список за Локалните избори 2025, а два дена подоцна, на 13 септември на полноќ, завршува и рокот за доставување на листите за кандидати за градоначалници и за советници до општинските изборни комисии (ОИК).
Граѓаните може да го направат јавниот увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и на нивната веб-страница и преку електронска пошта upisis@sec.mk можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список. Со барањето се приложуваат и потребните докази, а обрасците можат да се пронајдат на веб страната на ДИК (sec.mk).
Локалните избори се закажани за 19 октомври. На 29 септември започнува изборната кампања за локалните избори закажани за 19 октомври. Ќе се гласа во 80 општини и Градот Скопје на 3480 избирачки места.
МИА