ВИДЕО: Кумановци викендов одлагаа кабаст отпад
На три локации во приградските населби кумановци викендов имаа можност бесплатно да одложат кабаст отпад во садовите поставени од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.
Надлежните се задоволни од интересот на граѓаните за акцијата која се спроведува со цел сите заедно да придонесат за почиста и поуредна животна средина.
Кабаст отпад на нови локации ќе се одлага повторно за две седмици, најавија од комуналното претпријатие.