Пожарникарите вчера интервенирале на градските гробишта
Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на градските гробишта каде што била опожарена сува трева, а во липковското село Оризаре пожарникарите гаснеле стрниште, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Пожарникарите од Општина Старо Нагоричане интервенирале во село Младо Нагоричане каде што биле опожарени плевна и помошни објекти. Пожарот бил локализиран за околу пет часови.
Во селото Станча, општина Ранковце, пожарникарите вчера гаснеле борова шума. Пожарот е локализиран, соопштија надлежните.