Гимназијата – домаќин на учесници во Еразмус плус проект
Гимназијата „Гоце Делчев“ неделава е домаќин на учесници во партнерски Еразмус+ проект, чиј што носител е Гимназијата од Крушевац, Р. Србија. Наставниците и учениците вклучени во проектните активности вчера во Општина Куманово се сретнаа и поразговараа со претседателката на Советот на општината, Ивана Ѓорѓиевска.
Во рамките на проектот, учесниците ќе организираат едукативни работилници од областа на природните науки: информатика, биологија и математика на тема: „Здрав и одржлив животен стил”.
Претстојот во земјава, ќе биде искористен и за посета на спомен костурницата во Зебрњак, црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане и посета на Скопје.